X
 31.05.2017 Култура

Знаете ли што значи зборот „cofveve“?

tramp
Фото: Getty Images

Еден збор од синоќа стана најважниот на интернет. И тоа не е воопшто чудно, затоа што на „Twitter“  го употреби претседателот на најмоќната држава на светот. Сепак, има еден проблем:  тој збор буквално, не значи ништо.

Твитот на Доналд Трамп: „Наспроти константниот негативен медиумски cofveve“  напросто ги „сруши“ социјалните мрежи, а за грешката при типкањето пишуваат сите светски медиуми, од британскиот „BBC“ , преку специјализираниот сајт  „The Verge“, па се` до големите американски информативни куќи.

1

Трамп го напиша овој твит доцна синоќа, а со часови откако хаштагот #cofveve  го запали „Twitter“, тој не се обиде ниту да објасни што сакал да каже, ниту да го избрише твитот со грешката.

Сајтот „Urban Dictionary“ објаснува:  „Кога сакаш да кажеш ʻизвестувањеʻ (coverage), а рацете ти се премногу ситни да ги дофатат сите букви на тастатурата“.

Се појави и дискусија за тоа како би требало да се изговара овој неологизам, а на оваа анкета организирана на „Тwitter“ одговориле повеќе десетици илјади луѓе. Само неколку часови подоцна почнаа да се нудат и маички кои можат да се нарачаат со написот COFVEVE.

Се разбира, здружената духовитост на интернет „открива“ дека тоа е истиот збор кој Бил Мареј во тајност  ѝ го кажува на Скарлет Јохансон, во супер-хитот „Изгубени во преводот“, додека други тврдат дека  се работи за терминот „пупка“ (rosebud)  од  „Граѓанинот Кејн“.

Порталот истакнува дека сè уште нема реакција од Белата куќа.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура