X
 11.11.2017 Култура

Скриените пораки во азиското мени наменето за Трамп

трамп
Фото: ЕРА

Кога на американскиот претседател му се служи сос од соја постар и од самата Америка, тоа ве тера да се запрашате кои дипломатски пораки азиските лидери ги кријат кога му нудат храна на Доналд Трамп.

Предјадење

Токио Бади бургери:
Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, заедно со Доналд Трамп уживаше во американскиот бургер направен со увезено американско говедско месо, придружено со кечап и сенф „хајнц“, така што пораката беше јасна.

Традиционален стек и сладолед: Американскиот лидер сака добро печен стек и мрази жива риба, така што стекот и чоколадниот сладолед во ресторанот во Токио биле првиот оброк на Трамп.

Teриаки пилешко и јајце на пареа:
Стекот во јапонски стил наводно бил на менито на вечерата, како и јајцето на пареа со печурки мацутаке, а тој и ја вкусил локалната култура јадејќи пилешко териаки месо во традиционален јапонски ресторан.

2
Фото: Getty Images

Главно јадење

Политичко морско ракче во Јужна Кореја:
Во Сеул, политиката дефинитивно беше на масата. Приготвеното морско ракче било фатено во близина на спорните острови Докодо/Такешима, за кои се расправаат Јужна Кореја и Јапонија, и било послужено.

Не е јасно дали Трамп каснал, меѓутоа, Јапонија не беше задоволна - портпаролот на владата подоцна изразил загриженост за значењето на ракчето во време кога Јужна Кореја треба да се обедини со Јапонија за да се справи со севернокорејските прашања.

3
Фото: Getty Images

Сос од соја стар еден век: Јужнокорејскиот банкет понуди сос од соја стар 360 години - постар дури и од самата Америка. Дали тоа беше потсетник дека Јужна Кореја има подолга историја и традиции?

Текс-Мекс тако: Трамп исто така во неговиот избор за јадење реши да си поигра со политиката и со пресметана одлука да јаде со американските и јужнокорејските војници во кампот Хемфрид, најголемата американска воена база во странство.

Тој ја пофали храната, а на војниците им рече дека избегнал добар ручек за да може да јаде со нив.

Кунг пао пилешко и чили риба:
Пекинг му овозможи на Трамп раскошно добредојде, меѓутоа, кога станува збор за државниот банкет, избегна екстравагантност, избирајќи класично кинеско јадење познато за многу Американци - кунг пао пилешко.

Мислењето за јадењето беше поделено: некои го сметаа за нежен вовед во кинеската кујна, додека други не беа задоволни затоа што не беше доволно елегантно.

Десерт

3
Фото: Getty Images


Арабела Јушнер после вечерната прослава:
Овој пат на Трамп му беше редот да ги задоволи неговите домаќини со видео од неговата внука Арабела како пее на мандарински за време на банкетот. Петгодишната Арабела е сензација во Кина поради нејзините видеа на кои пее и рецитира кинеска поезија.

Хало-хало: Во Виетнам, Трамп учествува на средбата за азиско-пацифичката економска соработка, за веднаш потоа да замине на Филипините, каде што ќе се сретне со Родриго Дитерте, во земјата каде што десертите се нарекуваат хало-хало.

5

Тако чинија:
Ако Трамп се најаде со егзотичната храна до крајот на неговото патување, секогаш има место за познат вкус - тако.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура