Храбар потег на дизајнерите кои планираат да создадат приватен вештачки остров кој ќе има пентхаус, водопад и отворен ресторан. Овој остров ќе биде првиот подвижен остров.
Сопствениците на островот ќе имаат пристап до прекрасни погледи од пентхаусот, достапни од 80 метарскиот лиф. Околу комплексот, жителите ќе пронајдат разни видови на погодности, вклучувајќи спа, фитнес, козметички салон, бар и базен. Исто така на островот ќе има вертикални градини, палми, па дури и станица за хранење на ајкулите кои ќе даваат природни елементи на овој наутички остров.
Дизајнерите од „Migaloo Private Submersible Yacht“ составија планови за островот, а од компанијата инсистираат дека островот ќе биде изграден во блиска иднина.
Врз основа на технологијата која компанијата ќе ја има на располагање, таканаречениот „Kokomo Ailand“ ќе биде совршен за хотел од висока класа, седиште на компанија или казино. Доколку островот се користи за комерцијални цели, ќе биде вклучен просторот за членовите од екипажот, како и хелидром за лесен пристап.
„Повратните информации се неверојатни“, вели Кристијан Гумполд, управниот директор на компанијата позади проектот.
„Во моментот преговараме со неколку клиенти кои се заинтересирани за проектот. Развивме концепт за почетен дизајн за да им ги покажеме нашите идеи и главниот дизајн. На нашиот дизајнерски тим му се потребни неколку месеци за ова, но суштинските детали во дизајнот зависат од желбите на клиентите, што значи дека ќе биде долг и интензивен процес“.
„Животот на море ќе биде иден мега тренд, а овој остров може да е првиот чекор за прилагодување на нов начин на живот. Во комбинација со нашите подморници, ќе биде совршена комбинација“.