X
 19.02.2024 Живот

Вселенска салата - откриена тајната на исхраната на астронаутите

Кога станува збор за вселенското патување, сè уште не сме стигнале до точка каде што астронаутите поминуваат години далеку од Земјата, патувајќи меѓу ѕвездите или живеејќи на површината на некоја друга планета. Ако некогаш сакаме да стигнеме таму, ќе мораме да откриеме како овие идни патници сами да произведуваат храна.

Првата фаза во истражувањето објавено во декември 2023 година во списанието за наука и технологија за храна на Американското хемиско здружение беше создадена како компјутерски модел за одржлива, обновлива исхрана за астронаутите.

Истражувањето издвои неколку состојки кои ја сочинуваат вселенската салата, по што била направена и им била послужена на астронаутите.

На почетокот на истражувањето сè упатувало на веганска храна, не поради нејзината вредност или супериорност во однос на другата, туку поради можноста за одгледување растенија во вселената. Но, беа додадени и неколку преработени животински состојки, како конзервирана риба и пилешко, поради нивната содржина и хранливи материи.

На листата се најдоа неколку житарки, вклучувајќи ги амарантот и киноата. Овие традиционални намирници се толку хранливи што често се нарекуваат суперхрана. Освен тоа, има и разни семки и јаткасти плодови, разно овошје и зеленчук, соја и неколку зачини како цимет, кардамон и каранфилче.

Научниците идентификуваа 102 идеални состојки за вселенска исхрана. Потоа тие користеа софтвер за да генерираат комбинации кои исполнуваат одредени параметри. Едноставно кажано, компјутерот ги создал рецептите и на крајот го намалил изборот на шест до осум вида храна.


На крајот, 10 рецепти биле сериозно разгледани и анализирани, од кои шест вклучувале животински состојки, а четири вегански. Било откриено дека најоптималната комбинација на состојки, која ја балансира максималната исхрана со минималните земјоделски ресурси, е една од веганските опции. Тоа е комбинација од сладок компир, кељ, соја, афион, јачмен, кикиритки и сончоглед. Овие намирници се релативно лесни за одгледување, хранливи и вкусни.

Засега е идентификуван првиот рецепт, со идеални состојки кои, барем според истражувањето, ќе можат да се одгледуваат во вселената.

Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот