На 7 април 1954 година, авионот на „de Havilland Comet G-ALYY“ долетал на „Heathrow“ аеродромот во Лондон. Тоа била последната етапа од закажаните летови на „British Overseas Airways Corporation (BOAC)“ помеѓу Лондон и Јоханесбург.
По 36 часа, со нов екипаж, авионот се упатил кон Рим, но кратко по прелетувањето на Неапол, авионот се срушил. Загинале 7 членови на екипажот и 14 патници. Авионите од тој период биле навистина неудобни и ја немале денешната безбедност. Но, „The Comet“, навистина изгледал како авион од иднината, со четири мотори и алуминиумски авионски труп, а место за 36 патници во две кабини. Првиот лет авионот го започнал на 2 мај 1952 и тоа летајќи околу 23 часа, што било вистински триумф.
Сепак, екипажот пријавувал чести проблеми – со навигацискиот систем кој предизвикувал прегревање, како и други фундаментални проблеми. Авионите на „The Comet“, често доживувале несреќи. Како резултат на тоа, биле доделени нови инструкции на пилотите, а биле направени и некои прилагодувања на дизајнот на крилата. Но, тука не завршило се.
Постоеле две фатални мани на авионот. Методот на конструкција и правоаголните прозорци. По несреќата на 8 април, сите други авиони на компанијата биле приземјени, па експертите се обидувале да ги идентификуваат проблемите и да донесат решение. Во 1958 година, авионите биле подложени на сервис, па потоа компанијата креирала уште повеќе од 1000 авиони.
Прозорците биле овални, можеле да патуваат 92 патници, а зголемена била и безбедноста. По моделите „Comet 1“ „Comet 2“ и „Comet 3“, моделот „Comet 4“ летал до 1997 година. Потоа бил преземен од Францускиот „Caravelle“ авиони, како и „Nimrod reconnaissance plane“, кои летаат и во овој век.
Британската
авио индустрија никогаш целосно не закрепнала од драматичните падови на „the Comet“. Денес, просторот од „de Havilland“ фабриката е индустриски парк, административните канцеларии се полициска станица, а хангарот од каде што авионот прв пат полетал е сала за вежбање.