Чоколадите би можеле да станат помали или да им бидат додадени поевтини состојки со оглед на тоа што производителите се обидуваат да се борат против зголемувањето на цената на какаото која во еден период годинава се зголеми за 300 отсто, прдупредува експерт од индустријата.
Глобалните цени на какаото достигнаа историски максимум на њујоршката берза откако Ел Нињо ги оштети посевите во Африка.
Индустриски аналитичар рече дека некои фирми ќе ја намалат големината на производите или содржината на какаото и ќе почнат да додаваат поевтини состојки како што се јаткастите плодови, овошјето и филовите, за да апсорбираат дел од зголемените трошоци за какаото.
Цената на какаото го достигна врвот во април и изнесуваше 12.261 долар за тон, но од овој месец цената на какаото повторно падна на 7.750 долари.
Стив Вотериџ, експерт за оваа индустрија, вели дека зголемувањето на цената може да доведе некои производители да ги намалат трошоците со додавање на „подлога“ на чоколадата.
- Цените на какаото се зголемуваат и тоа ќе продолжи. Секој производител ќе се обиде да го намали количеството на какао што го користи во производите - вели тој.
Додава дека еден начин за намалување на содржината на какао е да се замени какао-путерот со растителна маст, која може да се направи од палмино масло и јаткасти плодови.
- Но, ако замените премногу, тоа повеќе не може да се нарекува чоколада, туку производ со вкус на чоколада - додава тој.
Извор:
BBC
Фото: Freepik