X
 09.06.2017 Култура

Премиера на претставата „Експеримент“ на „Здраво млади“

Претставата „Експеримент“, по текст и режија на Јане Спасиќ, а во продукција на здружението „Артопија“ од Скопје ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот во Младинскиот културен центар.


По огромниот успех кај публиката на првата претстава на ова здружение („Да го поздравиш и да ми го бациш“), и новото дело ќе биде критика на негативните општествени појави.
Инспирација за претставата е книгата “The Lucifer Effect” на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира начините и методите преку кои системот и ситуацијата влијае на дехуманизацијата и деиндивидуализацијата, притоа постепено насочувајќи ја индивидуата да извршува злосторства „во име“ на системот.
Улогите ги толкуваат: Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Мартин Јорданоски, Симона Спировска Костовска, Матеја Јанковска, Марија Јанчевска, Михаел Стојановски.

Премиерата е во рамки на фестивалот „Здраво млади“. По премиерата следува музички сет на DJ Fitz, кој лани настапи заедно со актерот Илајџа Вуд.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура