X
 05.10.2021 Здравје

Нов метод со КРИСПР-технологија го враќа речиси изгубениот вид кај пациентите

КРИСПР-технологијата дава ветувачки резултати последниве години. Научниците сега успеале да им го вратат речиси изгубениот вид на некои пациенти со помош на оваа технологија.

Видот им бил вратен на пациенти со реткото генско заболување наречено Леберова конгенитална амавроза, кое предизвикува ослабување на видот од раѓањето, а се влошува со годините и завршува со слепило. Тестирањето на луѓе било спроведено од страна на институтот „Кејси“ и Универзитетот за медицина и наука на Орегон, како и биотехнолошката стартап-компанија „Едитас медисин“.

Во тестирањето учествувале 5 лица, а научниците зеле генски материјал од пациентите и потоа го вшприцувале назад во окото, откако го „поправиле“.

Двајца пациенти забележале промени, односно им бил подобрен речиси изгубениот вид, додека на некои им се потребни повеќе третмани за да се види ефектот. Двајцата пациенти на кои третманот функционирал сега повторно може да гледаат бои и имаат појасен вид.

Извор: Interesting Engineering
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје