„Facebook“ нуди нови начини на кои корисниците ќе ја изразат поддршката за ЛГБТ заедницата, за време на месецот „Pride“.
фото извор: Facebook
Новите опции вклучуваат ограничено издание на реакции „Pride“, односно е-моџи во форма на знаме-виножито. Тоа ќе се појавува заедно со другите 6 реакции.
Реакцијата нема автоматски да се појавува како опција за сите корисници на социјалната мрежа. За да се активира оваа опција, потребно е да се кликне „like“ на страницата на ЛГБТ заедницата на социјалната мрежа – „
LGBTQ@Facebook page“.
„Facebook“ исто така, нуди и рамки со истата тематика за време на
месец јуни. Рамките можат да се пронајдат во „Facebook Camera“ кога лево од „News Feed“, ќе кликнете на ефектите од камерата и ќе ја одберете опцијата „Pride“. Понудени се и стикери, рамки и ефекти и во „Messenger“.
Според претставниците на социјалната мрежа, повеќе од 12 милиони луѓе ширум светот се дел од „Facebook“ групата која ја поддржува ЛГБТ заедницата.