X
 17.06.2017 Живот

Кафуле во кое добивате попуст за вашата љубезност

На Остин Симс, сопственикот на кафулето во американската сојузна држава Вирџинија, му здодеале некултурните клиенти, па на доста интересен начин одлучил да ги научи на бон тон.

кафуле
Фото: Thinkstock

„Одлучив да започнам да им наплаќам повеќе на луѓе кои не сакаа да се поздрават ниту беа свесни дека позади шанкот работат живи суштества“, објаснува тој.

Затоа, пред кафулето тој поставил знак на кој пишува дека секој кој бара мало кафе треба да плати 5 долари. Од друга страна, едно „ве молам“ ќе ја намали цената на кафето на 3 долари, додека упатеното „здраво“ до шанкерката пред порачувањето, заедно со „ве молам“ ја намалува цената на кафето на 1.75 долари.

На негово изненадување, потегот предизвикал голем број пофалби и привлекол уште поголем број на клиенти.

 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот