X
 26.07.2020 Живот

Победниците на Меѓународниот натпревар за фотографии ја прославуваат уметноста на движењето

За овогодишниот тематски Меѓународен натпревар за фотографии од креативците беше побарано да ја достават својата најдобра фотографија на која е прикажано некакво движење. Резултатите се неверојатен поглед на тоа како овој навидум едноставен концепт може да носи широк спектар на резултати.

Илјадници фотографи ги доставија своите слики, а победата ѝ припадна на канадската фотографка Ен Мејсон-Хортер.

Нејзината фотографија наречена „Диви моркови“ ја освои и највисоката награда во категоријата висока уметност, а користи необична техника. Ен всушност ги одвојува растенијата и го скенира секое делче, а подоцна ги преклопува и комбинира со фотографиите што ги прави. Неверојатната фотографија е моќен и елегантен изглед на движењето на природата.

- Идејата дека сè се движи, сè се менува и се развива е толку одличен концепт што треба да се истражува преку фотографијата. Инспиративно е да се види како фотографите од сите нивоа на експертиза го фатија овој концепт во многу форми - универзални, апстрактни, човечки и машински. И покрај тоа што се чини дека целата планета е речиси во мирување, преку овие фотографии можеме да видиме дека животот продолжува - вели Хусеин Фармани, основач и претседател на натпреварот.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Website | Facebook | Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот