X
 31.03.2022 Наука

На најстуденото место на Земјава е само -11,5 степени

Овој месец научниците на Антарктикот измериле многу висока температура. На истражувачката станица Конкордија, вообичаено позната како најстуденото место на Земјата, на 18 март биле измерени -11,5 Целзиусови степени, а обично е околу -49 степени.

Доколку Светската метеоролошка организација би ја следела оваа метрика, научниците велат дека тоа веројатно би бил светски рекорд.

- Се чини дека ова е нов светски рекорд за најголемата температурна разлика измерена некогаш на метеоролошка станица - рече Роберт Род, водечки научник на „Беркли Ерт“.

Екстремните горештини на Антарктикот се причина за загриженост поради долгорочните ефекти на мразот, особено ако тој трае подолго.

Парче мраз на Антарктикот, речиси со големина на Лос Анџелес, се распадна за неколку дена.

На крајот од февруари морскиот мраз околу Антарктикот бил најмалата површина од почетокот на сателитските мерења во 1979 година - помалку од два милиона квадратни километри, објави американскиот истражувачки центар „Нешнл сноу“.

Извор: Nezavisne.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука