X
 21.06.2017 Култура

Се бараат работници над 55 години


Човек работи на компјутер


Технолошката компанија од Сеул, „Ever Young“, има необичен услов за вработување на нови работници – кандидатите не треба да се помлади од 55 години.

Овој услов постои уште од самото формирање на компанијата, чиј наслов во превод значи „Засекогаш млади“.

Оваа компанија, основана во 2013 година, има вработено 420 работници и сите се на возраст од 55 па дури и до 83 години. Јужнокорејската корпоративна култура е позната по фактот што буквално ги „брка“ во пензија сите вработени кога ќе наполнат 60 години, но Чунг Еунсунг, се надева дека овој потег ќе може да го промени начинот на размислување и кај останатите компании. Неговата намера е да покаже и докаже дека и повозрасните лица се подеднакво важни како и младата работна сила.

Всушност, уште во 2013 тој пред себе си го поставил  начелото дека нема да вработува помлади од 55 години, па и денес, четири години подоцна, сè уште се држи до своето правило.

Компанијата „EverYoung“ се занимава со надзор на интернетските содржини и своите вработени ги обучува да работат на разни платформи. Главна задача на персоналот во компанијата е цензурирање на чувствителни податоци на Naver Maps, јужнокорејската верзија на Google Maps.

Дополнително, тие имаат и задача да ги надгледуваат содржините и на блогерските платформи.



Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура