X
 21.06.2017 Живот

Зошто кулата Гренфел во Лондон не се сруши?

Многумина се прашуваат зошто уште стои зградата Гренфел во Лондон, по катастрофалниот пожар кој траеше повеќе од 24 часа и во кој загинаа 79 луѓе во Лондон.

фото извор: The Sun

Сликите од пламенот и оние кои беа заробени внатре, се поврзуваат и споредуваат со ситуацијата која се случи во Њујорк во 2001 година, односно нападите од 11 септември. Поточно, со она што се случи со „World Trade“ центарот.

Според тогашните официјални информации, пламени од кулите близначки достигнале до центарот, ширејќи оган, се додека по седум часа не се сруши. Експертите заклучија дека топлината генерирана од пламените ја срушила кулата, правејќи ја првата и единствена кула во светот која се срушила заради пожар.

Сепак, Гренфел зградата гореше 4 пати подолго отколку центарот во Њујорк, а сепак не е срушена. Тоа предизвика многу сомнежи. Многумина потврдиле дека зградата нема да се сруши, а експертите тврдат дека зградата е направена од бетонски плочи, греди и колони. Изградена е во 1970-те во време кога биле поставени нови градежни регулативи за превенција од високи ризици. Односно, самиот дизајн на зградата подразбира стабилност и цврстина во градбата и при ситуации како што се експлозии и пожари.

„World Trade“ центарот е изграден од композитни плочи, со бетон поставен врз челична палуба, како и челични греди и челични столбови со огноотпорен слој. Изграден бил во 1960-те и бил 6 пати повисок од Гренфел зградата. 10 илјади галони гориво било распрскано на многу катови во центарот па така се раширил и пожарот. Температури до речиси 1000 степени Целзиусови предизвикале топење на подот и превиткување на столбовите. Кога на тоа ќе се додаде големата тежина на подот, се врши и притисок врз гредите и столбовите и доаѓа до нивен колапс.

Експертите тврдат дека екстериерот на Гренфел, содржи и изолација, која помогнала огнените јазици да се рашират за кратко време во надворешноста. Некои очевидци изјавиле дека до тогаш не виделе пожар во зграда кој толку бргу се проширил.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот