- Дали можете да замислите свет без пристап до читање, учење и книги? - прашува Хелен Фагин. Всушност, таа не ни мора да го замисли затоа што ја доживеала оваа мрачна реалност.
- На 21 година бев принудена да живеам во полското гето во текот на Втората светска војна, каде што читањето беше најстрого забрането и нацистите казнуваа со тешка работа, а во најлош случај со смрт - раскажува Хелен.
Таму таа раководела со тајно училиште каде што на еврејските деца им предавала латински и математика. Наскоро сфатила дека она што им било потребно не биле „суви“ информации, туку надеж, оној вид надеж што доаѓа од нивното транспортирање во светот на можностите.
Таа надеж доаѓала од книгите.
- Ги поминував ноќите читајќи ја „Одвеана од виорот“, една од неколкуте шверцувани книги што циркулираа меѓу луѓето од доверба преку подземен канал. Читавме само навечер, во тајност - раскажува Хелеб.
Еден ден таа ѝ ја раскажувала книгата на колешката Маргарет Мичел во нивната тајна училница кoга учениците слушнале и изразиле желба наставниците да им раскажат некоја книга. Една ученичка изразила посебна благодарност до Фагин затоа што ги носи на патување во сосема друг свет.
За да откриете како завршува
приказната на Фагин, можете да ја слушнете како го чита писмото што ја раскажува нејзината животна приказна.
Постојат времиња кога соништата нѐ одржуваат многу повеќе од фактите. Да прочитате книга и да ѝ се предадете на една приказна е еднакво на одржување на нашата човечност во живот - вели Хелен.