X
 26.08.2016 Образование

9 книги од Ноам Чомски достапни за читање на интернет

Го нарекуваат еден од основачите на когнитивната наука, истовремено и “татко на модерната лингвистика”, но за сигурно Ноам Чомски е содржаен философ и научник, гласен политички активист и општествен критичар. Особено е отворен противник на американскиот империјализам, кој го воочи во вклученоста на Америка во Виетнамската војна. Откако се поврза со Новата левица (New Left), неколку пати бидува уапсен заради неговиот активизам, а се најде и на „листата на непријатели“ на претседателот Никсон. Бидејќи станува збор за еден од најцитираните научници во историјата кој извршил влијание врз многу научни полиња, ви споделуваме линкови со слободен пристап до девет негови книги, за да ги задоволите вашите потреби за прочит одблиску на неговите идеи. Книгите се на англиски јазик.

Ноам Чомски


1. Нужни илузии: контрола на мислата во демократските општества (Necessary Illusions: Thought Control in Democratic Societies)

Која е улогата на медиумите во капиталистичката демократија? Во книгата се вели дека далеку од набљудувачката улога, “слободниот печат” служи за потребите на власта. Чомски ја демаскира пропагандата која ги претставува медиумите како поборници за слободата на говор и демократијата.

Оваа книга е достапна и во македонски превод на следниов линк.

 

2. Одвраќање на демократијата (Deterring Democracy)

Тука се објаснува крупната промена во глобалната политика, при којашто САД останува без моќен конкурент како врвна воена сила. Книгата укажува на потенцијалните катастрофални последици произлезени од оваа нерамнотежа на силите и открива свет во кој САД ја искористува ваквата позиција за безмилосно да ги наметне своите национални интереси ширум светот (од Ниарагва до Филипините, Панама до Блискиот Исток).


3. Година 501: Освојувањето продолжува (Year 501: The Conquest Continues)

Во оваа книга, Чомски забележува дека периодот на Втората светска војна, кога Западна Европа го освои речиси целиот свет, многу потсетува на Колумбовата ера на империјализам. Тука тој се фокусира на различни историски моменти од империјалните походи до моментот кога САД, Германија и Јапонија ја спроведуваат својата економска контрола, и монополизацијата на САД врз воената моќ.

4. Преиспитување на “Камелот”: JFK, Виетнамската војна и политичката култура на САД (Rethinking Camelot: JFK, the Vietnam War, and U.S. Political Culture)

Книга за претседателствувањето на Џон Ф. Кенеди и неговата улога во Виетнамската војна, но и влијанието на елитната политичка култура во поттикнувањето на Студената војна.

5. Што навистина сака вујко Сем (What Uncle Sam Really Wants)
За вистинските мотиви во поздина на надворешната политика на САД. Книгата содржи интервјуа и раговори спроведени во периодот меѓу 1986 и 1991 година, со посебен акцент на Средна Америка.

6. Неколкумина привилегирани и мноштво неспокојни (The Prosperous Few and the Restless Many)

Интервјуа од 1992 и 1993 година, што покриваат сè од Босна и Сомалија до биотехнологија и ненасилство, со особено внимание на “Third Worldization” на САД.

7. Тајни, лаги и демократија (Secrets, Lies and Democracy)
Книга со интервјуа спроведени во 1993 и 1994 година кои се осврнуваат на домашни и меѓународни теми  од корпоративна благосостојба и слободен пазар до контрола на оружјето и религиозен фундаментализам.

8. Контролирајќи ја толпата (Keeping the Rabble in Line)

Збирка интервјуа со Давид Барсамиан, радио водител и писател, каде што ги деконструираат концептите на класата, медиумите и економијата. Чомски посочува домашни и странски загатки, како здравствената заштита, NAFTA итн. Интерјуата опфаќаат период од две години заокружен во 1994, сепак продолжуаат да бидат провокативни. Ги изложува на критика демократите за кои вели дека се бизнис општества кои што ја држат популацијата изолирана од политиките и дека сме на работ од социјален колапс.


9. Осврт кон човековата природа и општествениот поредок (Excerpts From Powers and Prospects: Reflections on Human Nature and the Social Order)

Широк опсег на размислувања на теми од лингвистиката и човековата природа до спогодбата за Блискиот Исток и улогата на Источен Тимор во Новиот светски поредок. Книгата е прва збирка од есеи за прашања од философијата, етиката и надворешната политика. 



 


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование