Пред неколку дена, на презентацијата
Lenovo Transform што се одржа во Њујорк, освен технологијата резервирана за центрите за податоци, јавноста имаше можност да ја види и визијата на „Леново“ за иднината. По едночасовната презентација на серверите и снимките за издржливоста на лаптопите на „Леново“, почна приказот на историјатот на лаптопите
Thinkpad, кои беа оригинален производ на „ИБМ“, пред „Леново“ да го купи тој бренд од нив.
Пофалбите со моделите кои влегоа во вселената како први лаптопи на Меѓународната вселенска станица, но и изложбените примероци во Музејот за современа уметност, послужија како вовед во презентацијата на тема „Иднината на персоналните компјутери“.
Кристијан Тејсман, вишиот потпретседател на деловниот оддел на „Леново“ на кратко ја опиша нивната визија за идниот развој и новите можности на компјутерската технологија.
Повеќето интеракции со компјутерите според нивните графици, ќе се одвиваат преку гласовни команди.
Stylus, кој на овој настан беше прикажан со форма која многу наликува на обичен молив, ќе овозможува и дирекно пишување на флексибилниот екран. Паралелно со презентирањето на новиот концепт за флексибилни екрани, „Леново“ очиглено развива и нови материјали за куќиштата, кои би требало да обезбедуваат отпорност, а сепак да ја сочуваат можноста за свиткување.
За жал, прикажаната слика е само графика и всушност сè уште не е изработен вистински прототип на овој модел. Тејсман пак тврди дека овој концепт можеме да го сметаме како новите концепти во авто-индустријата.
Значи, сепак, сè што видовме во овој концепт не мора да се преточи во реален производ, туку делови од него најверојатно ќе се употребуваат во новите производи на „Леново“.