X
 25.02.2024 Живот

Интересна куќарка инспирирана од јапонскиот стил, толку мала што нема ни кревет, а чини многу

Најновиот модел за недвижности од француската компанија „Балушон“ е многу мал: има должина од само 4,5 метри. Дизајнот, внатре и надвор, е целосно инспириран од Јапонија, односно јапонската филозофија за изградба на станови и заштеда на простор.

Станува збор за лесно пренослива, мобилна контејнерска куќа, комплетирана со модерен, т.н. паметен дизајн. Се заснова на двеосовинска приколка со алуминиумски покрив, а внатрешноста е од дрво од смрека.

 
Изолацијата на куќата е направена од мешавина од памук, коноп и лен, а на надворешната страна на куќата е прикачена скала која овозможува пристап до компактната тераса на покривот.

Со оглед на тоа дека куќата е мала, ентериерот мораше да биде креативен. На пример, влезната точка на куќата е бањата, која е многу едноставна и содржи туш и тоалет. Веднаш до бањата е кујната, која исто така е многу компактна, со мијалник и шпорет, како и фрижидер. Изгледа едноставно, но кујната во оваа мала куќа има повеќе простор за складирање отколку што би очекувале: вклучувајќи фиока и маса на извлекување.

1
Фото:www.tinyhouse-baluchon.fr)

Лизгачките врати овозможуваат пристап до главната и единствена просторија во куќата, која служи како повеќенаменска дневна соба. Има фиоки, плакари, трпезариска маса која се отвора по потреба, полици и шпорет на дрва.

Покрај тоа, оваа соба има и домашно кино. Сепак, во Бонзаи нема спална соба или софа. Наместо тоа, кога е време за спиење, сопственикот едноставно го вади футонот (традиционална јапонска подлога за спиење), кој се складира кога не се користи.

2
Фото:www.tinyhouse-baluchon.fr

Бонзаи е изграден за лесно патување и служи како главен дом на сопственикот додека патува низ Англија. Точната цена на овој модел не е позната, иако малите куќи обично се продаваат за 80.000 евра.

куќа
Фото: www.tinyhouse-baluchon.fr

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: www.tinyhouse-baluchon.fr
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот