X
 25.06.2017 Живот

Лошите однесувања на децата се одраз на лошите одлуки на родителите

Децата се огледало на родителите и затоа е важно тие да внимаваат каков пример даваат во секојдневнието. Ако забележете дека Вашето дете лошо се однесува, запрашајте се дали можеби Вие сте дале лош пример.

деца
Фото: pixabay.com

Еве кои лоши однесувања се учат од родителите според Дејвил Вулф.

Преголема зависност
– родителите знаат да бидат премногу заштитнички настроени, но тоа придонесува да бидат премногу зависни од нив, а со текот на времето и од другите. Ако постојано има кој да им ги решава проблемите тие ќе продолжат да бараат личност која ќе може да прави истото за нив цел живот.

Прекинуваат – ако родителите имаат склоност да им упаѓаат на другите во зборот, и децата ќе го прават истото. Треба да им се остави простор на другите да се доискажат, а децата ова треба да го научат како една од најважните лекции за култура при комуникација.

Непочитување на возрасни – ќе има моменти кога некој друг ќе го чува Вашето дете: роднини, бебиситерка, пријатели. Ако не се трудите да го воспитате да Ве почитува Вам, тоа нема да го направи ни на другите. Со тоа создавате лоша слика за себе пред другите.

Претерано споделување на приватноста – децата од најмала возраст учат да споделуваат приватни работи со други. Родителот има за задача да го научи што треба да остане дома, а што може да се изнесе во јавноста. Во спротивно и Вашата приватност е изложена на ризик да биде откриена пред оние што не сакате да знаат многу за Вас.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот