Пливањето е спорт од кој има бројни придобивки ако се практикува уште од најмала возраст. Ги јакне мускулите, добро е за кардиоваскуларниот систем, а и ги елиминира деформитетите на телото, особено со оглед на фактот дека децата се недоволно активни, многу време поминуваат дома и во школските клупи. Зошто е добро да се плива, како децата да се ослободат од стравот од водата, кои се препораките за родителите... На овие прашања, ни одговори Мишко Мартиновски, кој 14 години работи како тренер по пливање.
- После моето 14-годишно искуство како тренер и согласно мојата методика на работа, најдобро за да се ослободи едно дете, односно да не се плаши во вода, е да се ослободува од стравот постепено преку различни игри, а потоа преку различни основни вежби, да почне постепено да учи да плива - вели тој.