X
 25.06.2017 Култура

Тајната мисија на Суки Ким за откривање на Северна Кореја

Суки Ким е родена во Северна Кореја која работела на тајна задача додека била наставничка по англиски јазик шест месеци. Таа всушност, собирала информации за да ја изнесе вистината за оваа нација.

марш
Фото: news.com.au

Таа е првиот писател кој имал тајна задача и ако била откриена последиците би биле огромни. Откако ќе напишела нешто за нејзината книга „Без тебе, не би биле ние“, морала да го крие материјалот под нејзината облека, затоа што голема била можноста да биде претресена.

Таа вели дека Северна Кореја киднапирала странски државјани и предизвикала смрт на истите. Еден таков случај е со Ото Вармбиер, студент од САД кој бил притворен во земјата 17 месеци откако се обидел да украде политички банер. Потоа бил вратен кај семејството, бил во кома и умрел. САД порано оваа недела најави забрана за посета на државата.

Ким вели дека на државата не ѝ е потребен туризам и дека луѓето таму би требало да одат заради други причини. Таа вели дека секаде каде што одите до израз доаѓа режимот на државата и невозможно е да се разбере нејзината суштина.

ким
Фото: news.com.au

Додека била на тајна задача, живеела во воена заедница со 270 млади мажи. Таа имала прилика кога вечерала со нив, да се зближи и да види дека зад униформите и системот се кријат човечки суштества со сопствени мисли. Инаку ним не им е дозволено да покажат интерес за надворешниот свет. Мора да бидат зафатени цело време, или да бидат со некого и немаат слободно време за мислење.

Кога Ким се вратила во Америка да ја издаде книгата, се открило што таа всушност правела и била под закани и притисоци, и се барало од неа да го предаде ракописот пред да го издаде.
Таа вели дека во Северна Кореја граѓаните се лишени од вистинско образование, дека учат само за големиот лидер и сите се успешно направени да бидат помалку информирани, и со помалку индивидуалност и волја. За секој млад маж е задолжително да се придружи на армијата, а земјата буквално ги лишува од правото да уживаат како луѓе.

плакат
Фото: news.com.au
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура