Северна Кореја во неделата одржа церемонија по повод завршувањето на изградбата на 10.000 нови, модерни станови во новоизградената област Хвасонг во Пјонгјанг.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун беше присутен на церемонијата, како и голем број високи владини претставници, како премиерот Ким Ток-хун.
Ким изјави дека проектот за изградба на становите бил планиран долго време и претставувал главен приоритет на Работничката партија на Кореја, и ја повтори идејата Пјонгјанг да стане светски познат град.
Церемонијата се одржа по два месеца откако Ким претстави друг станбен проект, опишувајќи го како уште една луксузна улица на социјализмот полна со среќни луѓе.
Во 2021 година Северна Кореја објави планови за изградба на 50.000 нови станови во главниот град во текот на пет години. Оттогаш започна голем број градежни проекти, од кои некои уште се во тек поради недостигот на храна во таа земја.
Извор:
6yka.com
Фото: Yonhap news