Активисти од Јужна Кореја се сетиле на ни малку еколошки методи за да им помогнат на своите роднини и пријатели „заробеници“ во Северна Кореја да ја почувствуваат магијата на надворешниот свет.
Активистите полнат пластични чаши со храна, лекови, па дури и УСБ-а со филмови и музички спотови и други предмети забранети во Северна Кореја, а потоа ги фрлаат во морето.
На шишињата им се потребни четири до пет часа за да стигнат до најблискиот севернокорејски брег. Стотици шишиња ги исфрлаат двапати месечно повеќе од две години.
- Што најмногу мрази Ким Џонг-ун? Ако граѓаните на Северна Кореја станат свесни за реалноста - вели Зунг Ванг, еден од активистите.
- Претходно не живеев праведен живот. Бев затвореник во политички логор бидејќи бев обвинет за шпионирање. Не знаев ништо и затоа ми се случи тоа. Да имав повеќе знаење, тоа немаше да се случи - додава тој.
Иако не постои начин да се потврди дали работите навистина се примени, шишињата често ги пресретнуваат севернокорејските бродови.
Истражувањето од 2015 година покажало дека 81 отсто од бегалците од
Северна Кореја, гледале странски филмови на УСБ пред да избегаат од Северна Кореја.