Животот на Џек Ма имал подеми и падови. Во минатото тој бил одбиен од Харвард, 10 пати, а имало моменти и кога предавал англиски и заработувал 12 долари месечно.
Денес, Џек е основач и извршен директор на гигантската платформа за е-трговија, „Алибаба“, една од најголемите во светот.
Во видеото подолу Џек Ма разговара со Ендру Соркин од „Њујорк Тајмс“ за тоа како тој ја гледа иднината на глобализацијата и онлајн трговијата.
Глобализација
Ма зборува за големото незадоволство од глобализацијата, позади неодамнешниот популистички бран од целиот свет, а особено Америка. Посто исилна реакција против глобализацијата, но не е проблемот во самата глобализација туку во пристапот до неа.
„Американските компании направија милиони и милиони долари од глобализацијата“, вели Ма. Тој објаснува како пред неколку години, кога прв пат дипломирал, купил аларм. Самиот аларм чинел 250 долари, додека чипот внатре само 8 долари. Ова доведе до огромни профити, а Ма прашува каде се парите. Америка потрошила 13 милијарди долари за војна во последните 30 години.
„Глобализацијата е добра, но треба да биде подобрена“, вели тој.
Ја пофали економијата на Кина велејќи дека причината поради која што Кина пораснала во последните 30 години е бидејќи е отворена за светот.
„Алибаба“ наспроти „Амазон“
На прашањето дали „Амазон“ е подобар бизнис модел или моделот на „Алибаба“ тој вели дека не постои еден модел. Доколку би постоел еден правилен модел, би било многу досадно.
Признава дека има проблем со пиратеријата. „Квалитетот на лажните производи е сѐ подобар и тоа е страшно. Понекогаш е потребно трето лице да ви каже дека е лажен“, вели тој.
Амбициите за Холивуд
Запрашан за гласините за амбициите за Холивуд со оглед на оа што логото на
компанијата се појави на неколку блокбастери од Холивуд, Ма е позитивен.
„Што сака светот? Среќа и здравје. Веруваме дека филмската индустрија ги прави луѓето среќни. Па затоа верувам дека треба да бидам партнер со Холивуд“, вели тој.
Ма го објаснува проблемот кој го гледа во кинеската култура. „Во Кина имаме многу херои, но во Кина сите херои се мртви. Во Америка се сите живи. Кој сака да биде херој ако тие сите умираат? Сакам мојот херој да живее“, вели Ма.
Откривајќи го неговиот омилен филмски лик, Форест Гамп, Ма вели дека овој филм го научил дека животот е тежок, но дека морал да оди напред без разлика на сѐ. И не само тоа, Ма ја парафразира реченицата на Гамп: „Никој не направил пари од фаќање китови, луѓето направија пари од фаќање ракчиња“.