Веста дека „Алибаба“ отвора логистички центар во Белгија може да ги радува само тамошните жители бидејќи очигледно е дека има намера да го заобиколи Балканот.
Кинескиот гигант за е-продажба одлучи неговиот центар да биде во Лиеж, Белгија, град што се наоѓа на тромеѓа, близу границата со Германија и Луксембург, и близу Брисел.
Ова е петти логистички центар на оваа компанија во светот. Во Европа веќе има во Франкфурт. Зошто е избран баш Лиеж, засега нема детали, но се шпекулира дека основачот на „Алибаба“, Џек Ма, и тамошниот крал воспоставиле добра соработка по Давос. Се претпоставува дека ќе има уште слични инвестиции во Европа, а лобирањето на државите за оваа работа било толку силно што Холандија објавила дека ја пропушта можноста поради задоцнета дипломатска акција.
Со месеци се шпекулираше каде „
Алибаба“ ќе го отвори центарот, а претставниците на оваа компанија биле во интензивен поход низ европските земји - од Хрватска, преку Унгарија, Романија до Бугарија, барајќи стратешки партнер за изградба на голем дистрибутивен центар во овој дел на Европа.