X
 27.06.2017 Образование

Програмер прави „суперсловенски“ јазик за сите Словени

Професорот по информатика, Војтех Меруњак, од Чешкиот технички универзитет во Прага дошол до идеја за креирање на вештачки јазик кој без учење и проблеми спонтано би го разбирале сите Словени.

лупа
Фото: Shutterstock

Овој меѓусловенски или интерсловенски јазик веќе има 37.000 зборови, поедноставена граматика и неколку луѓе кои го зборуваат, а има и странци кои се заинтересирани да го научат.

„Во минатото панславистите мислеа дека ќе настане некаков суперсловенски јазик на кој ќе се објавуваат книги, ќе се играат театарски претстави. Тоа е бесмислено. Ништо не може да го замени чистиот чешки, руски или полски јазик, затоа што секој од нив има сопствени емоции и магија,“ вели професорот.

Интерсловенскиот јазик поаѓа од 15 словенски јазики и по математички модел избира зборови со поедноставена граматика. За речникот се избираат зборови кои во сите јазици имаат сличности.

Проектот има за цел да го олесни комуницирањето не само меѓу Словените, туку и со странците кои веќе се заинтересирани да го учат.

На почетокот од проектот професорот Меруњак ги проверил потенцијалните ефекти кога во текот на летната сезона на брегот на Мртвото Море каде има упатства за туристи на англиски јазик, напишал и интерсловенско предупредување. Според него успехот меѓу туристите од словенските земји тоа да го разберат се движел околу 80%.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование