Сите сме вљубени во идејата за љубовта. Сакаме љубовни комедии, романтични книги... Прочитајте ги најубавите љубовни цитати на сите времиња:
Љубовни цитати од книги/филмови:
„Нема да биде лесно. Ќе биде навистина тешко. Ќе работиме на нас секој ден, но сакам тоа да го правам бидејќи те посакувам. Го сакам секој дел од тебе, засекогаш, ти и јас, секој ден...“, „Страници на љубовта“.
„Не, нема да те бакнам, иако ти е потребно бакнување. Токму тоа е кај тебе проблемот. Треба да бидеш бакнуван често, и од некој што знае како“ - „Одвеано од виорот“.
„Моето срце е и секогаш ќе биде твое“, „Разум и чувствителност“.
„Љубовта значи никогаш да не кажеш дека ти е жал“, „Љубовна приказна“.
„Најдобрата љубов е онаа што ти ја буди душата; онаа што нè прави да посегнеме повеќе и онаа што всадува оган во нашите срца и му нуди мир на нашиот ум. Се надевам дека тоа ќе ти го овозможам засекогаш“, „Страници на љубовта“.
„Срцата никогаш нема да бидат практични сè додека не се направат некршливи“, „Волшебникот од Оз“.
„Твоето срце е слободно, но имај храброст да го следиш“, „Храбро срце“.
„Не заборавај дека јас сум само девојка која стои пред момче, кое го моли да ја сака“, „Нотинг Хил“.
„Се плашам да си заминам од оваа соба бидејќи никогаш нема повторно да го почувствувам она што го чувствувам кога сум со тебе“, „Валканиот танц“.
Љубовни цитати од познати личности
„Да бидеш храбар е да љубиш безусловно без да очекуваш ништо за возврат“, Мадона.
„Единственото време што ќе го заздрави вашето скршено срце е времето кое ќе помине кога ќе заздрават неговите скршени нозе и раце“, Мис Пиги.
„Немојте да се задоволувате со врска која нема да ви дозволи да бидете тоа што сте“, Опра Винфри.
„Задоволството од љубовта трае еден момент, но болката поради љубовта трае целиот живот“, Бет Дејвис.
„Мажите се луксуз, а не неопходност“, Шер.
„Љубовта е ветување; љубовта е сувенир, еднаш дадена никогаш заборавена, не дозволувајте никогаш да исчезне“, Џон Ленон.
„Едноставно 'те сакам' значи многу повеќе од пари“, Френк Синатра.
„Сакам да верувам дека љубовта е реципроцитет, дека единствено може да се почувствува само кон една личност“, Шон Пен.
„Љубовта е слепа. Ќе ти го земе умот. Она за што мислите дека е љубов, не е. Морате да го воздигнете вашиот ум“, - Ив.
„И на крајот, љубовта што ја земаш е еднаква на љубовта што ја создаваш“, Пол Макартни.
„Одбивам да дозволам она што ми се случи да ме направи огорчен. Сè уште целосно верувам во љубовта и сум отворен кон сето она што ќе ми се случи“, Никол Кидман.
„За мене љубовта е некој да ми каже: 'Сакам да бидам со тебе до крајот на мојот живот, дури и кога би ми рекла дека сакаш да скокнам од авион за тебе'“, Џенифер Лопез.
„Срцето го сака она што го сака. Нема логика во овие работи. Се запознаваш со некого и се заљубуваш, и тоа е тоа“, Вуди Ален.
„Кога раскинуваш, целиот твој идентитет е разнишан. Слично е на смртта“, Денис Куаид.
„Најдобриот начин да закрепне едно скршено срце е да имаш време и другарки“, Гвинет Платроу.
„Верувам дека сè се случува со причина. Луѓето се менуваат за да научат да ги пуштат нештата, работите одат на полошо за да ги цениш кога се добри, веруваш во лаги за на крајот да научиш да не му веруваш никому освен себеси, и понекогаш добрите работи се распаѓаат за да дојдат уште подобри“, Мерилин Монро.
„Мудрата девојка бакнува, но не се заљубува, слуша, но не верува, и си заминува пред да биде оставена“, Мерилин Монро.
„Мажите треба да бидат меки, силни, заменливи“, Шер.
„Сè додека знаеш дека повеќето мажи се како деца, знаеш сè“, Коко Шанел.
„Колку поголем капацитет за љубов имаш, толку ти е поголем капацитетот да чувствуваш болка“, Џенифер Анистон.
„Вистината е дека не знаеш што ќе се случи утре. Животот е лудо патување и ништо не е загарантирано“, Еминем.
„Сексуалноста е состојба на умот - удобна состојба на постоење - за сакање во моментите на најголема омраза“, Хали Бери.
„Подобро е да бидеш несреќен сам отколку несреќен со некого“, Мерилин Монро.
„Знаеш дека се работи за љубов кога сакаш таа личност да биде среќна, дури и кога не си дел од нејзината среќа“, Џулија Робертс.
„Љубовта е апсолутна верност. Луѓето избледуваат, изгледот избледува, но верноста никогаш. Можеш да зависиш толку многу од одредени луѓе што би го местел часовникот според нив. И тоа е љубов, иако не изгледа многу возбудливо“, Силвестер Сталоне.
„Подобро е да си изгубил и да си љубел отколку никогаш да не си љубел“, Хемингвеј.
„Не стапуваш во брак со некој со кој би можел да живееш - стапуваш во брак со личноста без која не можеш да живееш“, непознат автор.
„Љубовта е најсилната страст од сите затоа што спонтано ги напаѓа главата, срцето и сетилата“, Лао Це.
„Љубовта е емоција која ја доживуваат многумина, но во неа уживаат малкумина“, непознат автор.
„Љубовта е создадена од една душа што живее во две тела“, Аристотел.
„Нема лек за љубовта, освен да љубиш повеќе“, непознат автор.
„Срцето е создадено за да биде скршено“, Оскар Вајлд.
„Љубовта ги лекува луѓето, и оние што ја даваат и оние што ја примаат“, д-р Карл Менингер.
„Врските се како стакло. Понекогаш е подобро да останат скршени отколку да се обидете да ги составите и уште повеќе да се повредите“, непознат автор.
„Убава врска е онаа во која љубениот е слободен да биде свој - да се смее со мене, но никогаш да не ми се смее мене; да плаче со мене, но никогаш поради мене; да го сака животот, да се сака себеси, да сака да биде сакан. Таква врска е заснована врз слободата, со неа никогаш нема да има љубомора“, Лео Ф. Бускаглија.
„Понекогаш срцето го гледа она што е невидливо за очите“, Џексон Браун.
„Срце полно со љубов е почетокот на целото знаење на светот“, непознат автор.
„Го пронајдов совршениот парадокс - ако сакаш сè додека не те заболи, нема да почувствуваш повеќе болка, туку само повеќе љубов“, Мајка Тереза.
„Мажот е веќе заљубен во жена која умее да го слуша“, Брендан Франсис.
„Љубовта не е само двајца луѓе да се гледаат еден со друг, туку да гледаат во иста насока“, непознат автор.