X
 23.07.2023 Живот

Цитати од филмовите на „Дизни“ кои се безвремени класици

Со генерации „Дизни“ е лидер во содржините погодни за семејствата, така што не е изненадување што ја обликуваше нашата култура. Со пораки кои го топлат срцето и цитати за животот, „Дизни“ со години нè забавува и нè учи на многу важни работи.

„Охана значи семејство. А семејството значи дека никој не останува и не е заборавен“ - „Лило и Стич“.

Оваа вредна лекција ве учи дека вашето семејство е секогаш покрај вас и дека никогаш нема да бидете сами.

„Ако немаш да кажеш нешто убаво, тогаш не кажувај ништо“ - „Бамби“.

Овој незаборавен цитат од симпатичното зајаче Тампер е една од најслатките реченици и совети во „Бамби“.

Овој цитат длабоко одекнува додека мајката на Тампер му го кажува откако тој ќе го каже своето мислење. Таа веднаш го потсетува Тампер за лекцијата што му ја одржа неговиот татко утрото.

„За некои луѓе вреди да се топите“ - „Снежно кралство“.

Во овој цртан Ана, Елса и Олаф постојано ги споделуваат своите грешки, победи и научени лекции. Во овој случај Олаф е истовремено и малку будалест и неверојатно мудар. Во најлошиот момент на Анага, кога таа е замрзната, Олаф е тука да помогне. Охрабрувачката реплика на Олаф ја охрабрува Ана дека љубовта навистина постои и дека љубовта е да ги ставиш туѓите потреби пред твоите.

„Понекогаш твојата силна страна лежи под површината“ - „Моана“.


Принцезата Моана поминува низ трансформациско патување во потрага да го спаси својот остров и светот од Така. Она што е магично за нејзиниот карактер е тоа што таа секогаш имала потенцијал и сонува за поголеми работи. Во нејзината ДНК е да биде патник, но никогаш не ѝ беше дозволено да го истражува тој дел од себеси. Оваа реченица покажува дека некогаш човек треба да погледне во длабочините на својата душа за да најде која е неговата силна страна.

„Похрабар си отколку што веруваш, посилен си отколку што изгледаш и попаметен си отколку што мислиш“ - „Многуте авантури на Вини Пу“.

Оваа реченица треба да си ја повторувате секојпат кога се сомневате во себе и во вашите способности.



„Минатото може да боли. Но, или можеш да бегаш од него или можеш да научиш нешто од него“ - „Кралот Лав“.

Сите ние сме направиле нешто за кое сме зажалиле. Сите сме правеле грешки и тоа е сосема во ред. Но, ако продолжиме да ги правиме овие грешки, тогаш станува лошо. Затоа, или можеме да научиме од минатото или можеме постојано да ги повторуваме истите грешки.

„Среќата е најбогатото нешто што некогаш ќе го поседуваме“ - Пајо Паторот.


Цитат што покажува дека материјалните нешта не вредат колку што вреди среќата.

Извор: Thegamer.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот