X
 01.07.2017 Наука

Сончеви бури се движат кон Земјата

сонце
Фото: University of Reading

Во моментов, Сонцето ги разгорува насилните ерупции способни да ја избришат технологијата од која сме зависни. Новото истражување откри дека овие експлозии се уште потешки за предвидување отколку што на почетокот сметале научниците.

Наодите откриваат дека овие коронални масивни ејекции се истураат во атмосферата на Земјата како кивавица, а не како структури слични на балони. Ерупциите слични на облаците, се под силно влијание на сончевиот ветер, принудувајќи ги истражувачите да ги реконструираат нивните прогнози за времето.

„Досега, се претпоставуваше дека ејекциите на короналните маси се движеа како меурчиња низ вселената и одговараа на силите на единечните објекти“, изјави Метју Овенс, главниот автор од Универзитетот во Рединг.

„Откривме дека тие се повеќе во облик на проширен облак или кивавица, составен од поединечни плазма парцели, кои делуваат самостојно“, додава тој.

Забрзувајќи низ Сончевиот систем достигнува до 2.000 километри во секунда, короналните масовни исфрлања се моќни изливи на магнетен флукс и глас кој еруптира од активните точки на површината на Сонцето.

Тие стигнуваат до Земјата во рок од еден до три дена и може да се појават на неколку часа, кога сончевата активност е најсилна. Тие се движечка сила на екстремните временски услови, предизвикувајќи геомагненти бури кои можат да ги „испржат“ електричните мрежи, комуникациските мрежи и да ги изложат астронаутите на зрачење кое предизвикува рак.

Претходните истражувања спроведени од истиот тим прдвидуваат дека падот на магнетната активност на Сонцето кон средината на векот ќе ја направи Земјата уште повеќе подложна на овие насилни сончеви настани.

Имајќи го ова во предвид, треба да се подготвиме да го преживееме нарушувањето. Но, иако короналните масовни ејекции се случуваат често, научниците сè уште се борат да предвидат кога овие суперсонични ерупции ќе удрат повторно во атмосферата на Земјата.

Според новите истражувања, се чини дека научниците згрешиле кога станува збор за разбирање на тоа како функционираат овие работи.

При следењето на короналните масовни ејекции, научниците претпоставиле дека станува збор за организирана структура слична на балонот. Откако поблиску разгледале како се движат низ вселената, истражувачите откриле дека короналните масовни ејекции се шират и стануваат хаотични како што се приближуваат кон Земјата.

За првпат, тимот детално го разгледал начинот на кој короналните масовни ејекции патуваат низ вселената и комуницираат со сончевиот вете. Испитувајќи пресек на една од овие сончеви ерупции, тие откриле дека плазма парцелите се прошируваат побрзо од брината на информациите внатре во структурата.

Ова укажува на тоа дека само дел од ејекцијата на коронарната маса е засегнат од надворешните сили со кои комуницира.

„Ова значи дека обидот да се предвиди обликот и движењето на ејекциите на коронарната маса како што поминуваат низ сончевиот ветер станува исклучително тешко. Затоа, ако сакаме да се заштитиме од сончеви ерупции, потребно е подобро да го сфатиме сончевиот ветер“, вели Овенс.

Сега, кога имаме појасна идеја за тоа како работат короналните масовни ејекции, да се надеваме дека можеме да најдеме подобар начин да предвидеме кога Сонцето ќе кивне низ целата Земја.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука