X
 20.02.2017 Култура

Факти за Роуан Аткинсон: Како дошол до името Мистер Бин?

Роуан Себастијан Аткинсон е британскиот актер и сценарист кој инаку е познат како Мистер Бин и кој стои на листата на најдобри комичари во Велика Британија. 

Не постои старосна граница за тој да биде интересен за гледање, а најпознат е по неговите чудни и смешни изрази на лицето. Прочитајте неколку факти за него.

1. Во анимираниот филм Кралот Лав го позајмува гласот за Зазу.

2. До името Бин дошол кога магистрирал на универзитетот во Оксфорд. Требало да направи скеч во театарот, а идејата му дошла додека стоел пред огледало и правил чудни изрази со лицето.

3. Роуан не го открива воопшто приватниот живот затоа што пелтечи, односно има проблем при изговорот на Б по самогласка.


Фото: Wikipedia

4. Пред да го користи името Мистер Бин, бил Мистер Вајт и Мистер Колифлауер.

5. Кралицата му го оддала највисокото признание / титула – Commander, за неговата работа во 2013 година.

6. Се пензионирал во 2012 затоа што сметал дека тој лик е премногу детски за него. Тој изјавил дека ако сте во 50тите и се однесувате како дете тоа е тажно.

7. Мистер Бин е емитуван во повеќе од 200 земји. И веројатно е дека нема земја во која шоуто не било интересно, а мечето Теди омилен дел.

8. Роуан има ќерка по име Лили која се појавува во неговиот филм “Holiday”. Но, сега таа се фокусира на својата пејачка кариера.

9. Шоуто имаше само 14 епизоди, но ликот беше толку популарен  што се направија два успешни филмови, анимирана серија, видео игри и книги.

10. Роуан е обожавател на спортски коли и ги собира од забава, но вели дека никогаш не би поседувал Порше.

11. Многу е едуциран и дипломирал на два универзитета: Њукасл и Оксфорд.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура