X
 07.07.2017 Наука

На Антарктикот се одвојува еден од најголемите ледени брегови

breg
Фото: University of Edinburgh

Постои опасност еден од најголемите ледени брегови некогаш забележани на Антарктикот - 6,474 квадратни километри, да пукне, предвидува Европската вселенска агенција. Самиот леден брег може го забрза отцепувањето од другите парчиња мраз и да ја уништи бариерата што го спречува мразот да стигне до морето.

Ледениот брег со месеци се наоѓа на ледената плоча наречена „Larsen C“. Научниците со месеци ја следат плочата, а пукнатината полека достигнува длабочина од 193 километри. Никој не знае кога ќе пукне, а тоа може да се случи секој момент. Кога ќе се случи, ледениот брег веројатно ќе биде 188 метри дебел и ќе содржи 1 трилион тони мраз. Ледениот брег ќе почне да плови на север кон Јужна Америка, а би можел да стигне и до Фокландските Острови.

„Доколку се случи ова, ледениот брег може да биде закана за бродовите во Дрејк Пасаж“, вели Ана Хог од Универзитетот во Лидс.

Често се случува ледените брегови да се отцепат од Антарктикот, но ова е различно. Оваа пукнатина може да е знак за зголемувањето на температурите, предизвикувајќи континентот да се распадне, велат едни научници. Други научници, пак, веруваат дека пукнатината и топењето се дел од природните процеси што се случуваат со векови.

„Не треба да паничиме“, изјави Хелен Амана Фрикер, научник од Скрипс-институтот за океанографија.

Она што е познато за отцепувањето на „Larsen C“ е тоа дека следи слични колапси што се случиле во 1995 и 2002 година. Овие ледени парчиња се наоѓаат во океанот, па кога ќе се стопат или кога ќе се распаднат, тие не го зголемуваат нивото на морето. Сепак, тие служат како бариера, па протокот на мраз од континентот може да значи повисоко ниво на морињата. Западен Антарктик може да придонесе за зголемувањето на нивото.

Без разлика дали „Larsen C“ се одвојува поради високите температури или не, планетата се загрева. Минатата година беше најжешката година, трета по ред. Ова не е добро за континент направен од мраз.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука