X
 22.07.2017 Наука

Ова се единствените луѓе што стапнале на Месечината

vselena
Фото: NASA

Месечевиот „лов“ на Нил Армстронг е познат за сите. Од неговото слетување на Месечината на 20 јули 1969 година, само 11 луѓе успеале да стапнат на Месечината. Но кои се тие и зошто не успеавме повторно да се вратиме?

Не мора да навлегуваме во детали за вселенската трка од 60-тите, нели? Од 1967 до 1972 година, НАСА беше фокусирана да го постави знамето на Месечината. Со проектот „Аполо“, шест мисии успеале да стигнат до Месечината. Но нивната намера не беше само да се стигне таму. Целите на НАСА го вклучуваа следното:

- Воспоставување технологија за исполнување на други национални интереси во вселената.
- Америка да постигне поголема предност во вселената.
- Спроведување програма за научно истражување на Месечината.
- Развивање на способноста на човекот да работи во месечева средина.

Последниот пат кога човек стапнал на Месечината беше 1972 година. Зошто помина толку време и зошто другите астронаути од поново време немале мисија насочена кон Месечината? Едноставно, приоритетите на НАСА се промениле.

Америка се соочи со нафтена криза во 1973 година и владините фондови требало да бидат распределени на тоа поле, а не на Месечината. Биле откажани сите „Аполо“ мисии, принудени да завршат после „Аполо 17“. Со посилен буџет отколку што некогаш имала, вселенската агенција своето внимание го насочи кон „Скајлаб“, програмата за вселенски летала и разни сателити и сонди.

Во 2004 година, претседателот Џорџ Буш повика на враќање на Месечината до 2020 година. Но оттогаш ништо не се промени.

Единствените 12 луѓе што стапнале на Месечината се Американци, и секој од нив бил на Месечината само еднаш.

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука