X
 20.06.2023 Живот

Роверот на НАСА испрати спектакуларна разгледница од Марс

НАСА комбинираше фотографии направени наутро и напладне, додека боите на фотографијата беа додадени подоцна

На почетокот на април, роверот на НАСА, „Кјуриосити“ беше во хибернација неколку дена поради надградба на софтверот.

Помеѓу трети и седми април на неговиот компјутер беа инсталирани 180 индивидуални надградби, подобрувајќи ги неговите опции. По ажурирањето на софтверот, „Кјуриосити“ сега е побрз, неговите гуми помалку се трошат, а подобрена е и обработката на снимените фотографии.

Еден ден потоа, на осми април, роверот продолжи да ја фотографира Црвената планета, а НАСА објави една таква разгледница направена со камерата на роверот.

nasa
Фото: NASA/JPL-Caltech

Фотографијата е навистина фасцинантна, но не е само резултат на фотографските можности на роверот, туку голема улога во неа одиграла и последоватлната компјутерска обработка. Роверот ја направил фотографијата на долината наречена Маркер Бенд, каде минатата година открил знаци на античко езеро.

Фотографијата е компилација од две фотографии: едната е направена наутро, а другата напладне, а комбинацијата на сончева светлина од два различни агли дава слика богата со детали во споредба со класичната фотографија. Она што е интересно е дека оригиналните две фотогорафии се црно-бели, а боите се додадени подоцна за да се нагласат карпестите формации и да се додадат утринските и попладневните бои на небото.

НАСА не претпочита да прави вакви фотографии бидејќи за да ги направи, роверот треба да помине цел ден на истото место, што го ограничува количеството на податоци што може да ги собере во текот на денот.

Извор: Livescience.com
Фото: NASA/JPL-Caltech
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот