X
 25.07.2017 Живот

Поради слабите оценки, побегнал од дома

momce
Фото: 123rf

 Десетгодишно момче од Северна Германија се обидело да побегне од земјата плашејќи се од реакцијата на родителите поради лошите оценки.

Наместо од училиште да си оди дома, момчето се качило на воз во Шелзвиг, во близина на границата со Данска во Хамбург. Таму се качило на друг воз за Базел во Швајцарија.

Кондуктерот забележал дека момчето патува само и повикал полиција во градот Лерах, во близина на Базел од германската страна на границата.

Од полицијата велат дека причината поради која момчето избегало од дома било тоа што учебната година ја завршило со тројка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот