Критичарите кои ги оценуваат филмовите на страницата
Rotten Tomatoes, направија листа на најдобрите документарни филмови на сите времиња. Еве ја целата листа:
10. Murderball (2005)
Документарецот ја следи приказната на еден квардиплегичар кој игра рагби во својата инвалидска количка, совладувајќи незамисливи препреки со цел да успее да се квалификува на параолимписките игри во Атина.
9. Blackfish (2013)
Овој документарен филм ја обработува темата за заточеништвото на китовите-убијци како и опасноста на тоа заточеништво и за китовите, но и за луѓето.
8. Tower (2016)
Анимација, сведоштва и архивски снимки се искомбинирани за да ја раскажат приказната за случувањата од 1 септември 1966 година, кога вооружен маж отворил оган од врвот на саат-кулата во универзитетот во Тексас, убивајќи 16 луѓе.
7. Taxi to the dark Side (2007)
Алекс Гибни открива застрашувачки детали за измачувањата и испитувањата на луѓе од страна на САД во текот на војната во Авганистан.
6. Weiner (2016)
Истражување посветено на кампањата на Ентони Вејнер за градоначалник на Њујорк и денешната политичка состојба во тој град.
5. The Last Waltz (1978)
Филмот го следи последниот концерт на музичката група „Д бенд“.
4. 20 Feet From Stardom (2013)
Филмот ги следи вокалите кои живеат точно во сенка на рефлекторите. Гласовите кои ги следат некои од најпознатите светски ѕвезди живеат во целосна анонимност, а ова е приказна за нивните животи.
3. Life Itself (2014)
Филм за животот и кариерата на познатиот филмски критичар и општествен коментатор Роџер Еберт.
2. Man on Wire (2008)
Приказна за одважното, но илегално преминување на Филип Петит преку жица меѓу кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк во 1974 година. Тој случај многумина го сметаат за уметничко злосторство на векот.
1.I Am Not Your Negro (2017)
Писателот Џејмс Болдвин зборува за сопствената трка со својот недовршен роман „Remember This House“ во модерното општество во САД.
Кој е вашиот фаворит?