Можеби мобилните телефони играат улога во појавата на Алцхајмеровата болест, според ново
истражување.
Според трудот, повеќето научници се согласуваат дека оваа болест е предизвикана од вишокот калциум во мозокот, а пулсирачките електронски генерирани електромагнетни полиња кои се емитираат од мобилните телефони можеби го зголемуваат овој вишок калциум во мозокот.
- Многу млади луѓе што се изложени на радијација од мобилни телефони многу часови дневно може да развијат дигитална деменција - стои во истражувањето.
Фото: Pixabay
Според податоци од САД, над 6,5 милиони Американци на возраст од 65 години или повеќе имаат Алцхајмерова болест. Бројот на нови дијагнози бргу се зголемува секоја година, а до 2050 година бројот на жители на САД со оваа болест може да се зголеми двојно.
Ова не е првпат пулсирачките електронски генерирани електромагнетни полиња да бидат поврзани со здравствени проблеми. Од американскиот Национален институт за рак изјавиле дека веројатно нема врска помеѓу нив и ракот, но се пишувало за поврзаност со главоболки, несоница и други симптоми.
Сепак, со оглед на тоа што мобилните телефони масовно се употребуваат, новото истражување не претставува дефинитивен доказ за поврзаноста со Алцхајмеровата болест.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Pixabay