По острите побуни од фановите по повод одлуката „Мајкрософт“ да ја повлече оваа апликација, од компанијата беше објавено дека „Пеинт“ ќе биде бесплатно достапен во „Виндоус Стор“.
„Во иднина ’Пеинт‘ ќе биде бесплатен, а ќе ги исфрлиме ажурирањата и надградбите и за ’Пеинт 3D‘, така што луѓето ќе можат да уживаат во сите можности на овие апликации“, рекоа од „Мајкрософт“ за Си-ен-ен.
„Пеинт“ се најде на листата неинтересни апликации за идните софтвери и беше извесно оваа апликација да биде укината. „Пеинт“ беше лансиран во 1985 година и досега беше во состав на сите софтвери на „Виндоус“.
Од компанијата изјавија дека не очекувале толкава поддршка и носталгија и дека поради реакциите од јавноста,
Пеинт сепак не оди никаде.