Кога пред четири месеци во „Мајкрософт“ се нашле во ситуација да мораат да ги испратат своите вработени да работат од дома, сфатиле дека од тоа искуство би можеле нешто и да научат. Почнале да следат како се однесуваат луѓето, како функционираат тимовите и како сето тоа може да се искористи за да им се помогне на луѓето и да се олесни работата во новото опкружување.
Преку алатката „Workplace Analytics“ и дополнителни анонимни анкети тие дошле до интересни податоци за работата од дома. Се покажало дека бројот на состаноци и нивното вкупно траење е во пораст, но дека некои поединечни состаноци сè почесто се пократки од половина час. Скратувањето на состаноците е пресврт во долгогодишен тренд во работата, велат оттаму.
Флексибилноста на закажувањето на состаноците довело до тоа да тие почесто биле одржувани во попладневните часови, а работниот ден станал фрагментиран затоа што луѓето морале да балансираат меѓу приватниот и деловниот живот.
А кога станува збор за работното време, тоа се поместило во „нова трета смена“. Пораста на активноста меѓу 18 часот и полноќ била на ниво од 52%, а границите меѓу работното време и паузата, и викендите, дополнително се заматени, ако не и избришани.
На крај, тоа довело до просечно подолго работно време, кое луѓето ѝ го „подариле“ на компанијата - во траење од просечно четири часа неделно. Причина за тоа е што вработените земале делови од работното време за извршување разни приватни задачи, а за компензираат морале да стануваат порано и да го завршуваат работниот ден подоцна од вообичаено.
Извор:
Bug
Насловна фотографија: Pixabay