X
 30.03.2023 Наука

Во април нѐ очекува небесен спектакл - до 100 метеори на час од „Лиридите“

Во текот на април ќе има неверојатен небесен спектакл - ќе биде видлив еден од најстарите метеорски дождови, за кој се очекува да создаде до 100 метеори на час.

Станува збор за метеорскиот дожд „Лириди“, кој своето име го добил по соѕвездието Лира, а бил забележан пред речиси 2.700 години. Според НАСА, метеорскиот дожд првпат бил забележан од кинеските набљудувачи во 687 година пр.н.е.

Метеорскиот дожд „Лириди“ е предизвикан од остатоците од кометата Тачер. Самата комета не се очекува да биде повторно видлива од Земјата сѐ до 2276 година.


„Лиридите“ се познати по своите брзи и светли метеори. Иако не се толку брзи и раскошни како „Персеидите“ во август, „Лиридите“ може да ги изненадат љубителите на астрономијата со дури 100 метеори на час.

Набљудувачите ќе имаат најдобра шанса да го видат метеорскиот дожд ако ноќното небо е темно и ведро, и во области каде што има минимално светлосно загадување.


Извор: Outtherecolorado.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука