X
 05.08.2017 Живот

Уникатно патување на новиот „боинг 787-8“

Новиот „боинг 787-8“, кој долетал на аеродромот во Сиетл, имал малку поинакво патување. Авионот летал над неколку држави, а потоа дошол до Мичиген. Оттаму почнал со исцртување на интересно патешествие.

фото извор: flightradar24.com

Со помош на веб-страницата „Флајт радар 24“, која ги бележи GPS-локациите на поголемиот број авиони, може да се види дека во текот на летот пилотот одлучил да ја исцрта контурата на авионот со кој лета во моментот.

Минатата година пилот исто така ја исцртал контурата на својот авион кога летал над Германија. Цртањето на авионот траело 40 минути, додека неговиот потпис бил готов само за 20 минути.

Пилотот на акробатскиот авион е веќе познат. Пред да го исцрта својот авион, тој исцртал и срце во воздух. Кон крајот на 2016 година одлучил да ја поздрави екипата на „Флајт радар 24“, па во воздух исцртал „здраво“. И тој лет траел кратко – само 37 минути.

За да го одбележи склопувањето на бракот помеѓу двајца вработени во „Ер Малта“, компанијата одлучила во воздухот со авион да се исцртаат две големи срца.

  фото извор: flightradar24.com

Уште еден креативен пилот одлучил над Англија да честита роденден на посебен начин. За 21 минута напишал роденденска честитка на небото.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот