X
 07.08.2017 Технологија

„Скајп“ со нова опција

Постојат многу различни опции за испраќање на пари на пријателите. Тоа може да се направи преку неколку сервиси, а се и преку „Скајп“. Благодарение на партнерството со „Пеј пел“, корисниците на „Скајп“, сега можат да испраќаат пари користејќи го сервисот во мобилна апликација.


Потребно е да се користи најновата верзија на „Скајп“ мобилна апликација, а плаќањата можат да бидат испратени во 22 различни земји. Трансферот на пари е бесплатен, се додека го користите својот „Пеј пел“ профил или поврзана дебитна картичка. Трансферот се врши преку употреба на опцијата „Испрати пари“, а примателот на парите не мора да ја поседува последната верзија на „Скајп“, но мора да има „Пеј пел“ профил.

Освен во САД, ваквата опција е достапна во Канада, Велика Британија, Австрија, Белгија, Кипар, Естонија, Финска, Франција, германија, Грција, Ирска, Италија, Латвија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, сан Марино, словачка, Словенија и Шпанија.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија