(
Фото: Youtube / Printscreen)
Меѓу многубројните проблеми што би искрснале поради глобалното затоплување, се чини дека ќе се појави уште еден кој би можел значително да ја промени природната средина на Арктикот.
Од морските длабочини наскоро може на површината да избијат милиони кубни метри смртоносен метан, предупредуваат стручните лица.
Експертите од Томскиот политехнички универзитет открија дека во близина на брегот на Русија на Ледениот Океан, процесот на топење на подводниот вечен мраз е во значителен пораст, соопшти прес-службата на Универзитетот.
Сам по себе, процесот на топење на подводниот вечен мраз, како што тврдат научниците, е сосема безопасен.
Меѓутоа, натамошните природни механизми што истиот може да ги предизвика се смртоносни за целиот живот во околината: на површината би можеле да се подигнат огромни резерви на смртоносниот гас метан.
Овие вознемирувачки наоди на научниците ги потврдуваат и податоците што биле собрани во текот на арктичката експедиција спроведена во 2016 година, заедно со научниците од Пацифичкиот океанолошки институт, Институтот за океанологија и Институтот за атмосферска физика, пишува „Спутник“.
Најновите податоци за состојбата на подводниот вечен мраз се базираат на фактот дека неговиот основен дел во областа на брегот на Источниот Арктик е целосен, што ја исклучува можноста за дестабилизација на хидратите на метанот што се наоѓаат под него.
Меѓутоа, неодамнешните мерења покажаа дека топењето на вечниот мраз се случува многу побрзо, со брзина од 18 сантиметри годишно. А тоа веќе го гарантира формирањето канали за излегување на гасот на површината.
„Можните последици од ова се разочарувачки. Затоа што клобурестиот тек на течението на метанот од седиментите во водата на морињата од Источниот Арктик може да варира од неколку милиграми до десетици и стотици грама на квадратен метар на ден. А тоа веќе за два до четири пати ги преминува основните концентрации измерени на нашата планета“, објаснува професорот од катедрата за геологија и минерални истражувања на Томскиот универзитет, Наталија Шахова.
Погледнете: