Научниците со години предупредувале дека растечките температури во Арктикот го зголемуваат ризикот за детонирање на метанска „временска бомба“ од стари депозити на гасови кои се наоѓаат под мразот со години. Сега „Вашингтон пост“ пишува дека опасноста од испуштање на метанот се зголемува.
Сателитски слики од северен Сибир покажуваат дека се појавува голем дел од варовник кој претходно бил заробен под мраз. Со загревањето на варовникот минатата година, тој започнал да пука и од него излегуваат гасови, меѓу кои и големи количини метан.
Фото: Pixabay
Ова се покажува во ново
истражување објавено во „Просидингс оф д нешнал академи оф сајенсис“. Истражувањето било напишано од научници на повеќе европски и руски истражувачки институции, пренесува „Фјучуризам“.
Истражувачите ги откриле емисиите на метан преку сателитски снимки. Местото од кое се забележало испуштање на метанот одговара со формациите на варовник кои излегуваат од површината на мразот.
Други истражувачи предупредуваат дека треба дополнителна анализа за да се утврди дали откритието е точно, но доколку е, тоа може да има последици на климата. Во мразот е заробено големо количество јаглерод диоксид, изјавил Роберт Макс Холмс, научник од истражувачкиот центар „Вудвел“.
Извор:
Futurism