X
 05.10.2016 Наука

Научниците тукушто открија нов голем извор на загадување!



Хидроцентрали


Браните и акумулациите што ги користиме за производство на електрична енергија во хидроцентралите и за наводнување на земјоделските култури, всушност се огромни загадувачи, бидејќи испуштаат јаглеродни гасови во воздухот. Вештачките акумулации годишно ослободуваат околу гигатон (милијарда тони) заробена топлина од стакленичките гасови.

За загадувањето од вештачките акумулации, научниците почнале да се сомневаат на почетокот од 21 век. Повеќето студии се посветени на акумулациите за производство на електрична енергија и на еден или два стакленички гасови. Научниците од државниот универзитет во Вашингтон ги синтетизираа претходните истражувања за да прегледаат различни типови вештачки акумулации и молекули што ја задржуваат топлината. Нивната анализа во Bioscience навестува вознемирувачки заклучоци. Капацитетите што се користат за многу намени почнувајќи од производство на електрична енергија, заштита од поплави, наводнување и сл., чинат приближно 1,3% од глобалната емисија на стакленички гасови, што значи многу повеќе од претходните проценки. Според студијата, главниот виновник е метанот.

„Претпоставувавме дека метанот игра важна улога, но се покажа дека ја игра клучната улога“, изјави водачот на студијата, Бриџит Димер. „Неговото учество во вкупниот процент глобално затоплување предизвикано од сите гасови од акумулациите изнесува 80-отсто.“

Метанот е моќен стакленички гас со 84 пати поголем потенцијал од јаглеродниот диоксид во глобалното затоплување. Причината зошто овие капацитети се жаришта на загадување треба да се побара во материјалот од кој се изградени. При наводнување на почвата богата со јаглерод, кислородот брзо се исцрпува и придонесува за порастот на микроорганизмите што го собираат јаглеродниот диоксид и создаваат метан како нуспроизвод. Од истата причина, мочуриштата мирисаат непријатно, како во нив да има буквално милијарда мали фабрики на метан.

 „Откривме дека проценките во врска со емисијата на метан по површина на акумулациите се 25% повисоки отколку што се мислело и сметаме дека е значајна бројка со оглед на тековниот светски тренд со изградба на брани“, изјави Димер за Вашингтон Пост.

Во таа смисла, сосема случаен е моментот на откривањето, имајќи ја предвид намерата на светските лидери да го ратификуваат договорот за декарбонизирање на светската економија.

Се разбира, решението нема да биде укинување на ваквите капацитети, туку зголемување на свеста за јаглеродните емисии и преземање поагресивни мерки за нивно намалување таму каде што дозволуваат можностите. Предизвикот е многу поголем отколку што се сметало досега.  
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука