Во својата книга „1984“, Џорџ Орвел опишал свет на дистопија во кој човек наречен „Големиот брат“ гледа сè што прават луѓето и владата ја вметнува својата агенда преку пропаганда, шпионирање, набљудување и контроли.
Книгата била објавена во 1949. Сега е 2017 година и иако немаме личност „Голем брат“ што владее со нас, сценариото на Орвел е прилично познато. Не се работи за ултрафашистичка влада или политичка партија, туку за загуба на приватноста и споделувањата на социјалните мрежи.
Споделувањето подразбира фотографии, локации, размислувања и ставови. И сето тоа не е ограничено само на „Фејсбук“. Без разлика дали споделувате малку или многу, сето она што го има за вас на интернет е достапно за јавноста. Сето она што го правите онлајн е достапно до технолошките компании, а особено е од корист за маркетинг-компаниите.
Кога даваме дозвола за инсталирање на апликациите на нашите мобилни уреди, ние им ја даваме привилегијата да ги користат нашите приватни животи. Со пасивни технологии за слушање, „Фејсбук“ може и да ги слуша вашите разговори што ги остварувате преку апликацијата. Со тоа всушност компанијата пасивно ве шпионира.
Имате опција да ги отстраните апликациите со социјални мрежи од вашиот мобилен уред, да пронајдете алтернативни начини за да функционираат апликациите, да пронајдете апликации кои можат да ги блокираат апликациите од социјалните медиуми во снимањето аудиозвук или да се префрлите на безбедни и приватни децентрализирани социјални медиуми.
Живееме во време кога сме избрале да се одречеме од нашата приватност за да можеме да споделуваме со нашите пријатели онлајн. Колку повеќе споделуваме, толку е помала нашата приватност. Ако сметате дека вашата
приватност е загрозена, веднаш треба да преземете нешто во врска со тоа.