Сметаме дека печатарската преса на Јохан Гутенберг ја започнала ерата на печатените книги бидејќи неговиот изум овозможил масовно производство на книги. Но, печатењето потекнува дури 600 години порано.
фото извор: Open Culture
Се работи за кинескиот метод наречен ксилографија, што е форма на печатење на блокови дрва. Се користел и во Јапонија и во Кореја, најмногу за будистички книги. Во 11 век кинескиот селанец Пи Шенг го развил првиот подвижен тип.
И покрај иновациите, ксилографијата останала примарниот метод за печатење во Азија. Со тоа се печателе книги и илустрации неколку века. Во 1633 година, кинескиот печатар Ху Женгијан измислил техника наречена „douban“, форма на полихромна ксилографија која довела до креирање на најстарата печатена книга во повеќе „Shi zhu zhai shu hua pu (Manual of Calligraphy and Painting)“. Благодарение на Универзитетот „
Кембриџ“, книгата е дигитализирана и достапна онлајн.
Книгата има 138 страници со печатени изданија на повеќе различни уметници.
фото извор: Open Culture
Користената техника резултирала со прекрасни прикажани артефакти кои изгледаат како да се нацртани со водени бои. Копија од 17 век е одлично зачувана и е комплетна. Во неа има детални инструкции за техниките што се користат со четка.
Книгата се смета за една од уметнички најважните книги со илустрации во историјата. Експертите сметаат дека книгата е создадена во моменти кога нивоата на литературата се зголемувале и желбата за печатење на зборови и слики била во пораст.