X
 17.08.2017 Живот

Што значи да си богат во Северна Кореја?

Светот е загрижен за тензичниот однос помеѓу САД и Северна Кореја, но на елитата во Северна Кореја тоа не ѝ претставува никаков проблем додека ужива во забавните паркови, спортските активности и ресторани.

Според анализите на експертите, економијата во Северна Кореја, и покрај бруталниот режим, се подобрува.


фото извор: AP

Образованието во земјата е слично со она од времето на Сталин во Советскиот Сојуз, основано на идеалистичка перцепција за комунизмот. Власта е централизирана, но се забележуваат повеќе активности на пазарот. Сепак, режимот не дозволува слобода на информациите, патувањата.

Северна Кореја, според експертите, никогаш нема да го има економскиот раст како што Кина го имаше кога беше дипломатски признаена од САД во 1979 година. Тие велат дека ниедна држава нема да врши размена со Северна Кореја додека тоа не го дозволат Американците.

Сепак, од фотографиите може да се забележи каков живот има „елитата“ во земјата.

Линк до галеријата


фото извор: AP

фото извор: AP


фото извор: AP
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот