X
 23.01.2015 Култура

Што доколку Нацистите победија во војната?

Едно од најголемите прашања кои ги интересираат историчарите е: Што би се случило доколку Хитлер беше победник во Втората светска војна?


Како би изгледал светот по победата на Германците? Никогаш не е возможно да се знае за сигурно, но може да претпоставуваме.

„The man in the high castle“ од Филип К. Дик е една од првите книги со алтернативна историја чие дејствие е сместено во Втората светска војна. Напишана е во 1962 година, а приказната се одвива во измислена нацистичка Германија, фашистичка Италија и империска Јапонија, кои победиле во војната и го поделиле целиот свет помеѓу нив. Вака изгледа тој свет.


„Fatherland“ од Роберт Харис е малку пореалистичен поглед на Европа со нацистична Германија како победник. Напишана е во 1992 година, а дејствието се одвива во 1964 година. Овде Јапонија била победена од САД, но Германија добила контрола на цела Европа до Урал.


„In the presence of mine enemies“ е најновата книга од сите овие, напишана во 2003, а сместена во 2010. Овде САД останува надвор од Втората светска војна, а ја губи и Третата светска војна потоа. Во овој свет, Германија и Јапонија се најголемите светски сили и владеат со поголемиот дел од светот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура