Затоа и родителите лесно влегуваат во таа замка; тие настојуваат да ја обликуваат личноста на своето дете со намера тоа „да му се допадне“ на светот. Кажи го ова, занимавај се со овој спорт, сакај го ова, а не тоа. Биди отворен, но не премногу. Самоуверен и допадлив. Меѓутоа, личноста во суштина е површна збирка од одлики кои немаат врска со вистинскиот карактер на поединецот. Некој може да има сјајна личност, но ужасен карактер, и обратно. Сите ние знаеме шармантни луѓе што се себични и неискрени, како и луѓе што тешко се откриваат, но се добри и внимателни.
Филозофскиот правец стоицизам се сосредоточува на карактерот, а не на личноста. Личноста не е важна кога станува збор за доблест и благосостојба. Да се биде шармантен и забавен е во ред, но не е пресудно за среќа.
Затоа родителите би требало да обратат внимание на изградбата на детскиот карактер, а не на личноста. Тоа не значи дека не треба да ги учите на социјални вештини, тоа е потребно, но само во контекст на постоење добра личност. Ако вашите карактерни особини ве прават да бидете и допадлива личност – уште подобро. Меѓутоа, во некоја мера добриот карактер се создава на штета на добрата личност – кога се однесувате во спротивност на општествените конвенции затоа што така е исправно. Сократ и Диоген не биле најпопуларните момчиња во својот град, но најверојатно биле најзадоволни со своите животи.
Ставањето акцент врз карактерот на детето има повеќе добри страни:
Праќа порака што е навистина важно во животот. Децата ќе научат дека доблеста е важна сама по себе затоа што ве прави популарни. Во својот живот повеќе ќе ги почитуваат другите врз основа на нивниот карактер, па ќе бидат помудри во изборот на пријателите и партнерите. Доброто проценување на карактерот е многу важна вештина која треба да се развива кај децата.
Децата ќе поседуваат внатрешна самодоверба која нема да зависи од одобрувањето на околината. Цртите на личноста обично зависат од туѓите мислења. Ако некој е шармантен, тоа е така затоа што другите го сметаат за таков. Ако некој се смета дека е чуден или срамежлив или отворен, тоа се процени на другите луѓе за други луѓе. Наспроти тоа, карактерните црти зависат од нашата внатрешна процена. Не ни требаат туѓи потврди.
Како родител, нема постојано да се обидувате да промените нешто што е надвор од ваша контрола: личноста на детето. Сите се раѓаме со определен темперамент. Некои се тивки, други се бучни. Ако упорно се обидувате да го совладате темпераментот на детето, и на двајцата ќе ви стане мачно. Вие ќе бидете преплавени од разочарување, а детето пак постојано ќе биде напнато или бунтовно.
Што е најважно, добриот карактер води кон евдаимонија (состојба на блажество по остварување на целта). Тоа е еден од основните принципи на стоцизмот како филизофија и важно е да го имате на ум при воспитувањето на децата. Ако сакате да живеете во хармонија со природата, личноста е неважна. Се смета само карактерот.
Детето може да се учи на карактер, но личноста е нешто друго. Ако се обидувате да направите спортист од дете кое не го сака спортот, осудени сте на неуспех. Може да ви изгледа дека обликувањето на личноста на детето е нешто што е за негово добро. На пример, ќе сакате вашата тивка и повлечена ќерка да ја научите да се брани себеси, и тоа е благородна намера. Но, ако навистина сакате вашата срамежлива ќерка да научи како треба да се расправа, ќе мора да ѝ помогнете да се стекне со самодоверба. Ако постојано ѝ говорите дека треба да биде поотворена, ќе ѝ пратите јасна порака дека не е доволно добра, дека тоа што е срамежлива значи дека нешто не е во ред со неа. Меѓутоа, ако ја прифатите како тивка личност, ќе научи да има самодоверба и да се заземе за себе кога ќе биде неопходно. Ако не е сигурна во вредноста на својата личност, ќе ја загуби и таа мала самодоверба и ќе стане уште посрамежлива.
Нашите деца добиваат доволно пораки од околината – од врсниците, пријателите, ТВ-емисиите – за тоа какви личности треба да бидат. Од нас родителите треба да научат каков карактер треба да изградат.