X
 10.10.2016 Култура

Најдобриот ресторан во светот



German Gymnasium


Ако не ви се проблем парите, посетата на некој спектакуларен ресторан е фантастично искуство.
Официјално, во Лондон се наоѓа најдобриот во светот.

German Gymnasium беше отворен во 2015 година и прогласен за „Best overall restaurant“ од страна на Restaurant & Bar design award.

German Gymnasium 1

Причината за одликувањето е очевидна – објектот каде што е сместен ресторанот има статус Grade II, што значи дека е од особен интерес, а е сместен меѓу King’s cross и St. Pancras. Го дизајнирал Edward Gruning во 1864 година.

Зградата првично била предвидена за спортска сала, а таму се одржале првите Олимписки игри во затворен простор во 1866 година.   

German Gymnasium 2

Во поново време се користела како магацин, како уметнички простор за изложби, дури и како канцелариски простор.

Денес, ресторанот се гордее со кулинарските вештини на главниот готвач, Bjoern Wassmuth, и коктел мајсториите во Meister bar-от.

German Gymnasium 3

Моментно, ресторанот до 30 октомври го спроведува специјалниот курс „Black forest menu“, со употреба на сезонски состојки.    

German Gymnasium 4
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура